Deviant Login Shop  Join deviantART for FREE Take the Tour
×

More from deviantART



Details

Submitted on
February 10, 2009
File Size
23.9 KB
Thumb

Stats

Views
521
Favourites
1 (who?)
Comments
0
×
Каде ја снема фотографијата?

Кога умре фотографијата како уметнички медиум?



Деведесеттите години на XX век пројавува важна промена во присуството и третманот на фотографскиот медиум, во рамките на Mакедонската (ликовна) уметност.
Во ова десетoлетие, како прво, се појавуваат неколку размисли на уметниците коишто ги поместуваат дотогашните поимања на уметничките (ликовните) дисциплини , се менува и ликот и значењето на ликовната уметност, а оттука  и на самата фотографија како медиум.
Преголемото присуство на употребата на фотографијата ( нејзиниот медиум) како носител на главниот концепт  (во одредени случаи )  на уметниковата порака (станува збор за школувани уметници кои знаат што е уметност , a познато е дека уметниците можат да бидат добри фотографи)
Но ова не ја води самата фотографија  кон следната фаза на нејзината развојност , туку врши извесен претоп во којшто преминуваат  и другите, класичните уметнички техники ,  дисциплини и медиуми.
Присуството на фотографијата во Македонската уметност од овој период наваму бележат одредени  достигнувања каде што фотографијата е сместена во модерните и постмодерните медиуми , таа целосно се вклопува и се интегрира со самиот концепт на сликата , графиката , скулптурата , перформансот , инсталацијта итн.
Во смисла на ова горе наведено уметничката фотографија на самите фотографи-уметници имаат достигнато големи резултати  во последниве години , затоа што самата фотографија е користена како медиум на самата уметност нејзино средство и уметникот кој сега се става во функција на фотограф .
Специфика во Македонската уметност (станува збор за уметничка фотографија) присуството на фотографијата во новите уметнички изразни и обликовни постапки сосема е поддржано од фотографите , а пред се од уметноста  од ликовните уметници.
Прашањето за уметничката  фотографија и нејзиното присуство , бидејќи таа конечно “влегува“ во визуелните (ликовните) уметности е контрадикторно.
Tемата на оригиналот и копијата  , во историјата на уметноста е разрешена уште со делата на
-Andy Warhol  
-Robert Rauschenberg-,
но и со делото писоар на  -Marcel Duchamp.
како и  делата на -Joseph Kossuth One and Tree Chairs(1965)
После овој пресврт во историјата на уметност фотографијата добива значајно место во уметноста , која го немала со децении наназад.


Каква е македонската фотографија денес?


Присуството на фотографијата не смее да се разгледува исклучиво од страна на техничкиот аспект ко ј е совршено достигнат,од страна на опрема  и аматерска изведба.
Факт е  дека фотографијата која е предмет на оваа анализа и истражување , е подложна на аматерска (дрска )глупост ,  недоученост каде е изгнасена фотографијата?
Разните аматерските фотоклубови кои без никакво претходно знаење за уметноста ја уништија ја убија фотографијата  кои би требало во редот на нивните фотокругови да повикаат некој кој е компетентен  да им објасни за основните ликовни принципи , композицијата и употреба на соодветни уметнички изразни стилови . Само така би се добило јасна претстава и иста издржана уметничка критика ,сепак “фотографите” по природна селекција ќе се издвојат .
Само со нивна соработка може да се постигни некое задоволително ниво на фотографијата како ликовен медиум.
Во историјата на уметност имало многу пресврти на медиуми , ако ја немало таа ситомашна уметност или ArtePovera многу од денешниве стилови не би се појавиле.
За успешна фотографија како и за успешен цртеж,слика,скулптура претходно е потребно огромна  доза на знаење во спротивно се доведува до едно ниво на бледа слика.
Секако дека за да се фотографира еден модел многу повеќе е потребно од чувството на естетика(кое е ставено во наводници) поврзаноста со моделот карактерот на самиот модел.
Незаобиколена е фотографијата од оваа фототреска , така што и самите фотографии  по себе стануваат  критериуми за толкувањето и вреднувањето на уметничкиот производ , пред се инвентивна фотографија.
Со ваков пристап со вакво знаење пак инвентивната фотографија , аналогната фотографија е ставена во наводници , ова го потврдува фактот дека фотографијата не може да биде уметност таа е само бледа слика на mimezata.
дел од моето истражување
се надевам дека сите кои се заминаваат со
фотографија би им користело
No comments have been added yet.

Add a Comment: